И денеска протест: Пред Уставниот суд да изградиме споменик на срамот! (ФОТО)

И денеска неколку стотици граѓани протестираа пред Уставниот суд незадоволни од последната одлука за измени во Законот за помилување на претседателот да му се врати правото за аменстирање и за изборни манипулации.

 

Граѓаните извикуваа „Мафија во робија!“, „Долу со гробарите на Уставот!“ „Оставка!“, „Апаши!“, „Вратете ги парите!“, „Оставка за гробарите на Уставот и за нивните наредбодавци!“... Граѓаните ги извикуваа имињата на петте судии кои гласаа за оваа одлука: Јосиф Јосифовски, Никола Ивановски, Владимир Стојаноски, Вангелина Маркудова и Елена Гошева.

„Овде пред Уставниот суд треба да се изгради споменик на срамот, а на него да се впишат имињата на тие што го погазија Уставот“, велеа незадоволните граѓани.

Од организаторот на протестите граѓанската платформа АЈДЕ! велат дека Уставниот суд застана во одбрана на криминалците од власта кои местеле избори, па во рекордно брзо време ја разгледа и ја прифати иницијативата за уставноста на измените на Законот за помилување.

„Со ова, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека за нив правниот систем е само алатка која им служи за заштита од правдата, а не за нејзино спроведување. Ние граѓаните нема да дозволиме крадците на нашите животи, преку партиски узурпираниот Уставен суд да си ги спасат своите злосторничко-криминални „кожи“ од издржување на заслужените затворски казни. Нема да дозволиме повторно да си поигруваат со државните институции како да се нивен личен имот или партиски огранок. Во Македонија мора да се врати правдата, почитувањето на законите и пред сѐ, почитувањето на Уставот“, велат од АЈДЕ!

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе