ЈП ПОЦ И ЗДРУЖЕНИЕТО „АНИМА МУНДИ“

Хуманитарна забава за стерилизација на бездомните кучиња на територија на Центар

ЈП Паркинзи на општина Центар(ПОЦ) и здружението за заштита на животни „Анима Мунди" организираат голема хуманитарна забава за стерилизација на бездомните кучиња на територија на Општина Центар.

„Со стерилизација животните живеат подолг и поздрав живот. Стерилизираните живтни имаат смирен хормонален статус и не се здружуваат во глутници, се намалува нивното размножување и се намалува бројката на луѓе на кои им пречат животните.

Со оваа хуманитарна акција сите заедно можеме да ја подигнеме свеста и да го спречиме неконтролираното размножување на бездомните кучиња во општина Центар“, велат од ЈП Паркинзи на општина Центар

Хуманитарната забава ќе се одржи во Брик бар денес, 19 мај, со почеток од 21.30 часот.

Од ЈП ПОЦ ги покануваат сите граѓани кои се во можност да дојдат и со секој купен пијалок или доброволен прилог во кутиите за донации да помогнат во најголемата акција за стерилизација на бездомните кучиња на територија на општина Центар со што заедно ќе помогнеме трајно да се реши проблемот со бездомните кучиња во општината.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе