В недела

Хуманитарна трка за деца со Даунов синдром

По повод Светскиот ден на лица со Даунов синдром, 21 Март, в недела со почеток од 11.00 часот во „Градски парк" во Скопје ќе се одржи хуманитарната трка за деца со Даунов синдром.

Трката што е во организација на Мечувалечки клуб „Ескрим“ се реализира веќе четврта година по ред, а целта на настанот е да се подигне општествената свест и им се даде поддршка на овие дечиња кои имаат желба за напредување во спортот.

Средствата собрани од котизацијата, ќе бидат наменети за доопремување на Дневниот центар за лицата со Даунов синдром.

Пријавувањето за настанот, како и повеќе детали за истиот, можат да се најдат на следниот линк www.smartrace.club.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе