Во Скопје

Хуманитарна акција за загрозени категории граѓани

Здружението на граѓани за помош и поддршка на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци „Љубезност” и оваа година организира сезонски собирни пунктови.

Пунктовите се наменети за собирање на донации во храна, средства за хигиена, средства за чистење, облека, обувки и постелнина, со цел да им се помогне на бездомниците и сиромашните, посебно во зимскиот период.

Од здружението ги повикуваат граѓаните да ги посетат пунктовите и да дадат личен придонес во подобрувањето на условите на живот на оваа маргинализирана категорија на луѓе, заеднички делувајќи во подигнување на свеста на луѓето и за развивање на граѓанскиот активизам.

Пунктовите ќе бидат на следниве локации:

„Веро”, Кисела Вода

Недела, 6 октомври 11:00 – 18:00

Вторник, 8 октомври 12:00 – 19:00

„Веро” , Аеродром

Недела, 13 октомври 11:00 – 18:00

Среда, 16 октомври 12:00 – 19:00

„Тинекс”, Зебра

Четврток, 17 октомври 12:00 – 19:00

Недела, 20 октомври 11:00 – 18:00

„Тинекс”, Карпош 3

Недела, 27 октомври 11:00 – 18:00

Вторник, 29 октомври 12:00 – 19:00

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе