Холанѓани ни направија водич за пешачки рути низ Скопје

Првиот водич за пешачки рути низ Скопје е објавен ова лето од Холанѓанките Сане ван ден Хеувел и Линда Порт. Овој водич на англиски јазик нуди две прошетки низ градот, едната низ старата чаршија, а другата низ центарот на градот.

 

Скопје сити уок (Skopje City Walk) содржи и мапа на која се забележани двете рути како и многу други корисни информации.

Според авторките на водичот, Скопје е град кој заслужува да има ваков туристички водич, како и повеќето европски градови.

„Во Холандија скоро секој град има своја пешачка рута. Со таква брошура можеш на ефтин и лесен начин сам да откриеш еден град. Во Скопје тоа досега го немаше. За нас кои живееме во Скопје тоа и не е проблем, но за туристите е многу потребно и корисно. Особено затоа што градот нуди толку многу новости во рамките на проектот Скопје 2014. Затоа ја започнавме оваа иницијатива“, вели Линда Порт.

Брошурата чини 200 денари и може да се купи во Музејот на македонската револуционерна борба и во книжарницата Култура. Наскоро бројот на продажни места ќе се зголеми, а заинтересираните ќе можат да ја погледнат и дигиталната верзија на англиски и холандски јазик.

Според авторките, идејата наидува на голем интерес.

„Сите на кои им кажуваме за нашата брошура ја прифаќаат идејата со голем ентузијазам, затоа што сфаќат дека таков водич недостасуваше во Скопје. И самите сме задоволни од крајниот резултат, кој изгледа одлично. Единственото што останува да направиме, е да го промовираме водичот. Нашата е-книга помага во меѓународната промоција, но би било добро доколку туристите можат на повеќе места во центар да ја купат брошурата”, вели Сане.

www.skopjecitywalk.com

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе