Реакција

Хелсиншки комитет: Со немањето обрасци за пасоши се ограничува слободата на движење на граѓаните

Согласно Законот за патни исправи на државјаните на Македонија, надлежност на Министерството за внатрешни работи е да води сметка за обрасците и постапката за издавање на патни исправи преку нивно уредување со подзаконски акти, се вели во соопштението на Хелсиншкиот комитет.

„Пропустот, во смисла на недостаток на обрасци за издавање на патни исправи, е во спротивност на стратешките определби на државата за пристапувањето кон Европската Унија. Имено, правото на слободно движење на граѓаните на Република Северна Македонија надвор од границите од државата може да се реализира само доколку се поседува валидна биометриска патна исправа. Согласно методологијата за пристапување кон ЕУ, Поглавјето 24 (Правда, слобода и безбедност) во кое се регулира оваа материја, е едно од првите поглавја кои државата ќе ги отвори за пристапување кон ЕУ, со што се поставува прашањето за институционалните капацитети за исполнување на стандардите согласно европското право.

Државните институции со ваквите несериозни постапки директно задираат и го ограничуваат правото на граѓаните за слободно движење надвор од државата. Дотолку повеќе, граѓаните кои не се во можност да добијат нови патни исправи, можат да претрпат и материјална штета поради неможноста да си ги реализираат професионалните и лични патувања во странство.

Повикуваме надлежните инсититуции да реагираат соодветно и да изнајдат начин за санирање на штетите кои би можеле да се појават како последица на оневозможување на граѓаните во остварувањето на нивното право за слободно движење надвор од државата“, соопшти Хелсиншкиот комитет.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе