Реакција

Хелсиншки комитет: Институциите мора да реагираат на насилството кај децата

Aпелираме до сите надлежни институции итно и ефикасно да постапат во случаите на брутално поттикнување на насилство помеѓу деца, соопштува Хелсиншкиот комитет за човекови права по информациите за организирани тепачки меѓу малолетници во скопската населба Капиштец.

„Покрај повеќето пријави, поднесени од очевидци, до полицијата, Министерството за внатрешни работи сè уште не споделило информација со јавноста за своето постапување во однос на организираните борби меѓу деца, за чие следење и се наплаќало, што создава дополнителни причини за загриженост.

Нагласуваме дека овие вознемирувачки случаи, за жал, ја илустрираат општата состојба со насилството кај младата популација. Не смее да се игнорира фактот дека во земјава голем дел од жртвите и сторителите на злосторства од омраза се млади лица, ниту пак да се занемарува зголеменото вербално и физичко насилство помеѓу врсниците во училиштата и надвор од нив. Според податоци на УНИЦЕФ за 2018 година, 42 отсто од учениците во земјава на возраст од 13 до 15 години пријавиле дека доживеале врсничко насилство.

Поради загрижувачките димензии на оваа појава, во превенцијата и справувањето со неа мора да се вклучат и Министерството за образование, образовните установи, општините, родителите, но и самите деца. Опасниот тренд на нормализација на насилството кај децата може и мора да се прекине само со сеопфатен пристап од сите вклучени страни. Во спротивно, пасивноста, игнорирањето и отсуството на реакција ќе предизвика далекусежни последици за целото општество.

Од тие причини, брзото расчистување на овој конкретен случај, како и соодветното санкционирање на организаторите е од посебна важност“, се вели во соопштението на Хелсиншкиот комитет и се додава дека постапувањето на повиканите институции ќе се следи.

 

  

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе