Лидерот на партијата и градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски пред една недела најпрво ја прекина соработката со ВМРО-ДПМНЕ на општинско ниво. Тогаш Јакимовски изјави дека како градоначалник се соочува со опструкции, подметнувања, омаловажувања и навреди од коалицискиот партнер, а за прекинот на соработката го обвини директно Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош се спротивставија на планот на градоначалникот да се гради 28-катница во близина на Воената болница.