Истражување на „Паблик“

Граѓанскиот сектор-партнер на институциите

Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик" денес го претстави инструментот за мерење на влијанието на граѓанскиот сектор, како резултат од истражувањето извршено од страна на „Паблик" спроведено во 2016 и почетокот на 2017 година.

Дали граѓанските организации треба да се коректив или партнер на власта? Колку отвореноста на системот за соработка и уважување на експертизите и знаењето на граѓанското општество може да поттикне придобивки за целата јавност? Постои ли црвена линија на здружување помеѓу јавните институци и невладиниот сектор.

-Преку овој Инструмент граѓанските организации ќе можат реално да го утврдат својот капацитет за поттикнување општествени промени. Во рамки на денешниот настан планирана е и панел дискусија на тема „Како до значајни општествени промени: Визии за иднината на граѓанското општество“. НА дискусијата ќе дебатираат Ило Трајковски, професор на Институт за социологија при Филозофски факултет, Нано Ружин, ректор на Факултет за политички науки и дипломатија, Бојан Маричиќ, посебен советник за евроатлански интеграции во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија, Моника Божиноска, проектна координаторка во „ЦивикаМобилитас“ и Билјана Петковска, извршна директорка на Македонскиот институт за медиуми. Модератор на панелот ќе биде Небојша Илијевски од Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“.

Според Aлександар Кржаловски, национален лидер на тимот „Цивика мобилитас" и прв извршен директор на МЦМС, истражувањата врзани за граѓанското општество и неговиот развој се секогаш важен дел.
„Особено во поглед на влијанието и промените кои се поттикнуваат. Периодов од последниве две до три години беше исклучително значаен за вакви анализи, за мапирање проблеми и решенија“ рече Кржаловски.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе