Општина Карпош

Граѓаните ќе решат за зонско паркирање во Карпош

Информациите кои дел од медиумите ги пренесоа околу наводното воведување на зонско паркирање во Карпош се невистинити, велат од Општина Карпош.

Во контекст на тоа, велат оттаму, факт е дека на неколку клучни локации во Општината постојат т.н. “тесни грла” во паркирањето. Станува збор, пред сé, за потегот долж улицата Рузвелтова (која што е неформална граница меѓу Општина Центар и Општина Карпош), како и за опфатот околу ТЦ Сити мол. Жителите на Карпош од зградите, но и од околните куќи на овие локации, имаат реален проблем со паркирањето поради фактот што возила од Општина Центар и други посетители ги паркираат своите возила на паркинзите наменети за станарите на Карпош, кои се бесплатни.

Како што нагласуваат оттаму исто така факт е дека поради ваквиот реален проблем граѓаните на Карпош од споменатите делови сé повеќе го актуелизираат прашањето за поставување некакви ограничувања на паркирањето од другите општини. За таа цел, дури во неколку наврати поднесоа иницијативи до Градоначалникот и до Општината, за воведување на зонско паркирање токму на посочените делови. Општина Карпош, како сервис на граѓаните има обврска да ги реши сите реални проблеми на жителите, вклучително и овој со паркирањето.

„Локалната самоуправа останува на ставот дека во Карпош нема потреба од воведување на зонско паркирање на целата територија на Општината. Она што можеме како локална власт е да ги разгледаме иницијативите, да ја согледаме нивната оправданост и да изнајдеме најсоодветно решение.

Дали на тие потези ќе има зонско паркирање може да решат само мнозинството од жителите на овие делови од Карпош кои се соочуваат со проблемот, откако претходно тие сознанија ќе бидат добиени со спроведување на анкета и непосредно изјаснување. Но, никако со “декрет” или наметнато решение од Општина Карпош или како дел од програмите на Град Скопје“, истакнуваат од Општина Карпош..                                                   

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе

Во најсеверните делови на грчките региони Западна и Централна Македонија, сите народни ора се инструментални песни. Традиционалните песни во овие региони некогаш имаа зборови - но тие беа на јазик што грчката држава речиси еден век се обидува да го избрише: македонскиот словенски, вели Петрос Карацареас, лектор по англиски јазик и лингвистика на Универзитетот на Вестминстер, Велика Британија.

повеќе