Зимска служба на Град Скопје

Граѓаните и сопствениците на деловни објекти да си ги исчистат од снег приодите до нивните објекти

Екипите на зимската служба на Град Скопје продолжуваат со интензивните активности за расчистување на снегот по обилните врнежи. Коловозите на булеварите и магистралните улици кои се во надлежност на Град Скопје, како што соопштуваат оттаму, се целосно расчистени, а на терен интензивно се работи на чистење на тротоарите и велосипедските патеки од наталожениот снег за да им се овозможи полесно движење на граѓаните.

„Во текот на изминатава вечер повторно се поминати сите булевари и улици што се во надлежност на Град Скопје, а дополнително со сол се поминати и т.н. „критични точки“, пр ишто беа фрлени 432 тони сол.

И изминатово деноноќие екипите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ работеа на чистење на јавните површини и тротоарите. Снегот го чистеа 60 вработени рачно и со механизација - мултикултиватори, трактори со специјални четки и ножеви за снег, трактори со плуг и патарки за расфрлање на сол“, се вели во соопштението од Град Скопје.

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ со два камиона, четири машини и останата потребна механизацијаги расчистувале патеките од снег во зелените површини, тротоарите и  парковите  за олеснето движење на граѓаните.

Град Скопје исто така им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите, истите да не паркираат на улиците и булеварите, и да овозможат непрекинато движење на возилата на зимската служба. Од Град Скопје апелираат и до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

JП „Комунала хигиена“, пак, ги повика општините да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците кои се во надлежност на општините и апелира за поголема ажурност во оваа област, со цел непрекинато собирање на комуналниот смет.

 

 

 

 

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе