ЈП Паркови и зеленило садат, вандали уништуваат

Граѓаните ги корнат и крадат цвеќињата од Градски парк

Вандали или несовесни граѓани повторно ги искорнале и украле цвеќињата што ги засадија од ЈП Паркови и зеленило во Градскиот парк.

Од јавното претпријатие на Фејсбук споделија фотографии од леите во паркот раскопани со разретчени цвеќиња.

„Апелираме, укажуваме, молиме, поправаме, расчистуваме, обновуваме и повторно уништено и украдено цвеќе од цветните леи во Градскиот парк. 
Толку ли не си го сакаме својот град што постојано тежнееме да го лишиме од она што е убаво?!

Или можеби станува збор за недоволна едукација на младите, чии раце би требало да изградат посветла иднина и пријатна животна средина.

А и за што друго ни се дадени рацете ако не за да ѝ дадеме вредност на Земјата и да оставиме зад себе нешто добро и убаво?!“, пишува на официјалниот ФБ профил на ЈП Паркови и зеленило.

 

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе