Протест на „Орце Николов”

Граѓаните до Богдановиќ: Нѐ изманипулиравте дека дрворедот ќе биде заштитен

Под мотото „Кога пилите ќе стивнат” граѓани и еко активисти денеска ислегоа на протест против сечењето дрвја на улицата „Орце Николов”. 

Со транспаренти и букети цвеќе се собраа на раскрисницата меѓу „Ленинова“ и „Орце Николов“, каде во четвртокот беа исечени јаворите и со една минута молк им оддадоа почит.

Пред два дена на улицата која се реконструира беа исечени осум, а вкупно треба да се исечат 13 дрвја.

„Револтирани сме, затоа што сме изманипулирани од градоначалникот на Центар, кој во мај вети дека дрворедот на улицата ќе биде заштитен и надграден, а беа исечени здрави, а не болни дрвја”, рекоа учесниците на протестот.

Тие најавија дека ќе побараат да се престане со понатамошно убивање на зеленилото во Скопје, кој е еден од најзагадените градови во Европа. 

„Ќе побараме одговорност од институциите, ќе побараме да ги објават јавно сите документи со кои располагаат и со кои наводно се потврдува дека зеленилото кое овде е уништено било навистина за уништување, ако сакаме да живееме во демократска земја каде што граѓаните навистина се слушаат, каде што се владее навистина во склад со сите напредни принципи, со вклученост на јавноста“, беше кажано на протестот.

Исто така прашаа зошто градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ вели дека ќе го зачува дрворедот, кога уште во април е поднесено барање до Град Скопје за сечење на 10 дрвја, зошто вели дека во решението има 1, кога тоа е за 10 дрвја и дали Град Скопје и „Паркови и зеленило” кога го направија увидот на лице место за состојбата на дрвјата го консултирлале Зелениот катастар.

Според Богдановиќ, повеќе од две години проектот за реконструкција на „ Орце Николов“ , бил на јавен увид, а анализата за состојбата на дрвјата ја направиле заедно со Град Скопје. Дрворедот, рече, ќе биде обновен со нови дрвја, а болните јавори морале да ги отстранат.

Фото: Фејсбук - Зелен хуман град

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе