По инцидентот во МЗТ

Градскиот го повика државниот инспекторат да си ја врши работата

Град Скопје во целост ги отфрла наводите на Државниот инспекторат за животна средина за ширење лажни информации и клевети. „Сакаме да нагласиме дека станува збор за професионално и навремено извршување на работните задачи на Инспекторат на град Скопје со цел спречување на поголема еколошка хаварија што можеше да биде предизвикана во случајот со истекувањето на солната киселина во дворот на фабриката МЗТ“, реагира градскиот инспекторат на денешниоте информации на ДИЖС.

„Согласно со законските прописи, надлежноста за постапување кај овој тип производствени капацитети е под Министерството за животна средина и просторно планирање. По извршениот вонреден инспекциски надзор на 1 декември установивме дека се работи за истекување на солна киселина од цистерна, проследено со непријатна миризба и пареа, по што веднаш се преземени итни мерки за спречување на понатамошно истекување. При вонредниот инспекциски надзор од страна на овластениот инспектор за животна средина побарано е од правниот субјект да достави елаборат за заштита на животната средина, но беше констатирано дека правниот субјект не поседува елаборат за што е направен записник за понатамошно постапување“, се вели во реакцијата на Инспекторатот на град Скопје.

Државниот инспекторат за животна средина ја демантираше првичната информација дека „Макохемија“ АД-Скопје не поседува елаборат за заштита на животната средина. Фирмата имала елаборат од 2004 година, согласно тогашните законски прописи.

ДИЖС, стои во соопштението, изнесените лаги и клевети на градските власти дека другите институции не постапуваат ги смета како недолично однесување на институцијата и истите ги отфрла во целост.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов изјави дека градот ќе поднесе кривична пријава против фирмата на која ѝ истекло солна киселина. Шилегов наведе дека фирмата работела без дозвола, а Инспекторот на град Скопје констатирал дека правниот субјект не поседува елаборат за заштита на животната средина.

Град Скопје го повикува ДИЖС да си ја врши работата согласно со надлежностите во интерес на заштитата на животната средина и за зачувување на здравјето на граѓаните.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе