Завршена електронската аукција

Градска куќа продадена на ЕВН

ЕВН Македонија е новиот сопственик на Градската куќа на кејот на Вардар. Од Град Скопје информираат дека вчера успешно заврши електронската аукција, што, посочуваат, е првата постапка за продажба на објектот на Град Скопје, кој е лоциран под скопското Кале.

„Согласно со законските прописи, вчера се изврши електронско јавно наддавање со единствената компанија и е постигната почетната побарувана цена од Град Скопје во износ од 785.031.818 денари (12,7 милиони евра)", соопштија од Градот.

Согласно со предвидените процедури од јавниот повик, ЕВНт треба во рок од 15 дена да ја уплати сумата, по што ќе следува потпишување на договор со кој ќе се заврши целата постапка.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе