Градска болница во Скопје ќе се реконструира за 2 милиони евра

Министерот за здравство, Никола Тодоров денеска беше во градска болница „Свети Наум Охридски“ на увид на градежните работи во болницата кои започнаа во септември минатата година.

„Со засилено темпо се одвива реконструкцијата на Градската Болница во Скопје. Се реновираат ходниците, собите за пациентите, тоалетите како и салите за интензивна нега. Ова ќе го зголеми квалитетот на здравствените услуги и ќе ги подобри условите за лекување на пациентите во оваа здравствена установа“, изјави министерот Тодоровски.

Тој соопшти дека реконструкцијата ќе чини два милиони евра и е дел од големиот инвестициски циклус за реконструкција на здравствени установи во вредност од 74,6 милиони евра со кои се опфатени поголем број здравствени установи во државата. Реконструкцијата треба да заврши оваа година.

Директорката на болницата Јасминка Чабуковска-Радуловска појасни дека во моментов во завршна фаза на реконструкција е третиот кат, а кога градежните работи ќе се префрлат на подолните спратови каде што се операциските сали, Универзитетската клиника по хируршки болести нема да работи три месеци. 

„За време на реконструкцијата на операциските сали болницата нема да работи три месеци, но персоналот ќе биде прераспределен во други установи, а пациентите ќе бидат соодветно згрижени“ информираше директорката Чабуковска.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе