Градот Скопје субвенционира електрични тротинети и велосипеди за млади лица до 29 години

Советот на Град Скопје на денешната седница донесе одлуки за субвенционирање на млади лица, за набавка на електрични тротинети и велосипеди, во насока на стимулирање на младите лица да користат алтернативен и еколошки начин за превоз.

Со одлуките за првпат се предвидуваат субвенции за млади лица, на возраст до 29 години, кои се жители на Град Скопје.

Со првата одлука Градот Скопје ќе субвенционира купување на електрични тротинети за млади лица. Максималниот износ за поединечна субвенција за купување електричен тротинет по лице се утврдува во износ од 50% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 8.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Со втората одлука Градот Скопје ќе субвенционира купување на велосипеди за млади лица. Максималниот износ за поединечна субвенција за купување електричен тротинет по лице се утврдува во износ од 50% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 4.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе