Соопштение

Градот Скопје најави летна градежна офанзива на улици и булевари

Град Скопје oбјави соопштение преку кое најави реконструкција и изградба на градски улици и булевари, нарекувајќи ја „летна градежна офанзива". Во претстојниот период предвидено е да почнат градежни работи на 11 локации низ градот, во неколку скопски општини, во дел како проширување, а во еден број како изградба, при што ќе се реконструираат или изградат тротоари и велосипедски патеки.

Градот информира на кои делници ќе се вршат градежни зафати:

- Булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот од булеварот „Свети Климент Охридски“ до кружниот тек кај Католичка, на должина од 530 метри;
- Булевар „АСНОМ“, од булеварот „Гоце Делчев“ до влезот во Ќерамидница, на должина од 300 метри;
- Улица „Васко Карангелевски“, на потегот од булеварот „Јане Сандански“ до булеварот „Трета македонска бригада“, на должина од 1.000 метри; и на
- Раскрсница на улицата „Скупи“ и булеварот „8.Септември“, раскрсница на булеварот „8.Септември“ и булеварот „Никола Карев“ и раскрсница на булевар „Никола Карев“ и булевар „Словенија“ (капиталниот проект за изградба на два кружни тека, подвозници и надвозници кај Момин поток).

Градежни работи за реконструкција на постојниот коловоз, пак, ќе се изведуваат на:

- Улица „Бутелска“, на потегот од улицата „Александар Урдаревски“ до обиколницата, на должина од 850 метри;
- Булевар „Борис Трајковски“, на потегот од Пинтија до Драчево, на должина од 2.000 метри;
- Улица „Лука Геров“, на потегот од кружниот тек кај пожарната до улицата „Волковска“, на должина од 1.800 метри;
- Булевар „Киро Глигоров“, од булеварот „АСНОМ“ до булеварот „Александар Македонски“, на должина од 1.500 метри;
- Улица „Индира Ганди“, втора фаза до обиколницата, на должина од 800 метри;
- Булевар „Кузман Јосифовски Питу“, на потегот од новата железничка станица до булеварот „Кочо Рацин“;
- Булевар „Крсте Мисирков“, на потегот од булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ до булеварот „Гоце Делчев“, на должина од 650 метри;

Од Градот Скопје велат дека се продолжува да се гради со засилено темпо, со рекордно кратки рокови во сите 10 скопски општини.

„Скопје продолжува да ја развива својата улична мрежа истовремено со мрежите на велосипедски и пешачки патеки за да обезбедиме одржлива урбана мобилност која подразбира безбеден и ефикасен сообраќај. За потсетување, во текот на есенската градежна офанзива на Град Скопје, пред крајот на 2020 година, беа обновени многубројни сообраќајници во повеќе скопски општини, со посебен акцент на реконструкцијата на источниот влез во градот. Сите градежни акции се завршија во рекордно кратки рокови, од 10 до 30 дена“, велат од Град Скопје.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе