Градоначалникот на Гази Баба со полиција се вози во автобуси на ЈСП

И вчерашниот немил настан во автобус на ЈСП кој возел низ општина Кисела Вода, кога со oстри предмети (веројатно ножеви) се повредени две деца, го наметнува прашањето како да се превенира насилството меѓу младите во градските автобуси. Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски пред недела дена ги алармираше надлежните органи, ЈСП и месните заедници во општината дека треба со заеднички напори, низ разговори и со конкретни мерки, да се работи на превенција на насилството, зашто сѐ почесто има случаи на повредени деца во општината. И, тој се качи во автобус.

Градоначалникот Стефковски вели дека заедно со полицајци од полициската станица Гази Баба се качил во автобус со број 65 од Автокоманда до Стајковци, релација на која често пати добивал поплаки дека се случуваат тепачки или физички напади врз деца кои одат или се враќаат од улилиште.

„Се сретнав со средношколци, но и со граѓани, родители, со кои разговаравме за немилите настани кои минатата недела се случуваа во овој автобус и мојата порака до сите беше: насилството мора да запре! Полициски патроли ќе има во автобусите сѐ до целосно надминување на ваквите проблеми“, изјави Стефковски.

Градоначалникот минатата недела јавно ги информираше институциите дека во континуитет се случуваат инциденти во автобусите на ЈСП кои поминуваат од Ченто, преку Сингелиќ до Стајковци. Тој упатил официјален допис до полициската станица со кој информирал за насилството и побарал присуство на полиција во автобусите.

Воедно, одржал седница на Советот за превенција на која биле поканети преставници од месните заедници Сингелиќ и преставници од надлежни институции кои по функција се членови на Советот.

„Секоја институција ќе ги исполнува своите надлежности, само така системот целосно ќе функционира и ќе можеме да превенираме немили настани. Апелирам до младите и до нивните родители да се разговара за проблемите за да не ни се повторуваат“, вели Стефковски.

П.Џ.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе