O2 иницијатива

„Градоначалникот на Гази Баба и Уставниот суд немаат проблем со нова индустриска зона за тешка индустрија“

Се зацврстуваат сомневањата дека градоначалникот на Гази Баба не работи за интересите на граѓаните, туку за нечии други интереси поради кои е подготвен да прекрши и закони, протоколи и процедури. Да се надеваме дека не фалсификувал докази пред Уставниот суд, соопштува О2 иницијативата по последните случувања во однос на даденото земјиште под акуп на 99 години со намена Г1 - тешка индустрија во Железара.

 

Еве за што се работи. Борис Георгиевски, градоначалникот на Гази Баба, спротивно на законските овластувања, спротивно на волјата на граѓаните и нивните барања, се обидува да ги отстрани сите пречки на патот земјиштето кај Железара, кое не смееше да го даде под закуп на 99 години, да стане нова индустриска зона.

Според 02, Георгиевски и покрај тоа што се води спор пред Уставниот суд, продолжи со јавниот повик и електронското наддавање за тоа земјиште. ДУП-от во чиј опфат е и градежната парцела во јавниот повик е предмет на одлучување пред Уставниот суд.

„Два месеци откако општината преку своите служби ги потврди нашите докази пред Уставен, за време на седницата кога одлуката за укинување на ДУП-от ќе беше донесена, градоначалникот побара одлагање. Тој испрати имејл порака до судиите завреме на седницата (седницата почнала во 09:30, пораката била испратена во 09:51), во која вели дека накнадно ќе презентирал доказ.

Предметот е тргнат од дневен ред за одлучување, иако е спротивно на начинот на работење на судот да се прифати вакво барање во тек на седницата кога се носи одлука.

Уставните судии до донесување на конечната одлука не донесоа времена мерка за запирање на извршување на дејства или акти кои произлегуваат од ДУП-от, како и во случаите за ДУП-овите во Карпош, иако тоа го баравме и ние како подносители и самата општина (не градоначалникот). Но, затоа судиите донесоа времена мерка брзо и без проблем кога стана збор за укинувањето на мораториумот во Центар.

Државната комисија за спречување на корупцијата, на наше барање, отвори предмет за испитување на работењето на уставните судии. Чекаме финални резултати од истрагата.

Една недела откако побара да се одложи предметот пред Уставен, градоначалникот Георгиевски го испраќа „доказниот" материјал до судијата Јован Јосифовски.

Доказот е нечитлива копија од логови, каде е издвоен логот за Одлуката за неспроведување на стратегиската оцена. Тоа треба да претставува доказ дека Одлуката била објавена на веб-страницата на општината.

Снепшотот (Snapshot) направен од веб-страницата ата во тој период не ја покажува објавена Одлуката. Од објавите на веб-страницата се гледа дека сите логови од листот на градоначалникот се објавени, освен Одлуката за неспроведување на стратегиска оцена.

Дополнителните докази ги доставивме до Уставниот суд.

Градоначалникот на општина Гази Баба во својот обид да протне нешто што не смее, извршил серија на сериозни прекршувања:

- продолжил со јавниот повик и електронското наддавање (два пати) со само една пријавена фирма (претходно договорена??), без да ја дочека одлуката на Уставниот суд;

- за време на самата седница на Уставниот суд кога требало да се донесе одлука барал одлагање на предметот;

- праќал докази директно до судијата кој го има предметот, наместо тоа да го направат соодветните служби одговорни за тоа во општината на соодветен начин;

- судијата кој е овластен за предметот не треба да е познат на страните вклучени во постапката, па следствено - од каде и зошто градоначалникот ја имал оваа доверлива информација;

- дава спротивен одговор до Уставен суд од првичниот на општината и тоа два месеци подоцна, на самиот ден на седницата кога требало да се донесе одлука за укинување на ДУП-от;

- доставил копија на логови како доказ од кои сите се објавени на веб-страницата во тоа време, но не и Одлуката за неспроведување на стратегиската оцена, како што градоначалникот тврди.

Со ова само се зацврстуваат сомневањата дека градоначалникот на Гази Баба не работи во интерес на граѓаните, туку за нечии други интереси поради кои е подготвен да прекрши и закони и протоколи и процедури. Да се надеваме дека не фалсификувал докази пред Уставниот суд“, се вели во соопштението на О2 иницијативата за заштита и одбрана на природата и обезбедување на чиста и здрава животна средина.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе