Градоначалникот на Центар ќе отвори постапка за недостатоци при асфалтирањето - договoрени 9 цм, изведени 3 цм

По започнување на градежните активности на улицата „9-ти Мај" надлежните утврдиле одредени недостатоци произлезени од последната реконструкција, изведена во 2009-та година.

Саша Богдановиќ, градоначалникот на скопската општина Центар вели дека според проектот за реконструкција изготвен во 2007-ма, дебелината на слојот требала да биде 9 центиметри, а на терен фактичката состојба укажува на трикратно намалување, односно изведена е со дебелина на асфалт од само 3 центиметри.

Недомаќинското и неодговорно работење во Центар е одамна минато и сакам да информирам дека општината за пропустите во овој случај ќе отвори постапка за вештачење, напиша на својот фејсбуk-профил Богдановиќ.

 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе