Општина Центар

Градоначалникот Богдановиќ ги повлече одлуките за службените лаптопи и за КК Работнички

Градоначалникот Саша Богдановиќ на вчерашната седница на Советот на Општина Центар повлече две точки од дневниот ред кои се однесуваа за одлука за давање на користење на спортските сало во општината на КК Работнички и одлуката за давање во приватна сопственост на службените лаптоп компјутери на советниците. На овие точки претходно советничката и носителка на листа на Шанса за Центар Јана Белечева Андреевска поднесе амандмани.

Точката за  Одлуката за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2022 година во Општина Центар – Скопје остана на дневен ред и по неа ќе се гласа. И за оваа одлука е поднесен амандман од Белчева.

„На мали победи да се радуваме. Кога постои граѓански мониторинг на процесите, не може се лесно да помине. Борбата за поправедно, демократско и напредно општество зависи од секој од нас и придонесот кој може да го даде во секојдневните активности. Граѓаните да ги вратиме во Центар давајќи ѝ шанса  на Шанса за Центар“, напиша Белчева на својот фејсбук профил.

Пред седницата на Советот, граѓанската иницијатива Шанса за Центар реагираше на закажаните точки од дневниот ред за преминување во приватна сопственост на службените лаптопи на  советниците, за да се даде ексклузивитет на кошаркарскиот клуб Работнички кому  спортските сали на осумте општински основни училишта му се нудат без надоместок и предлогот за 26 предизборни вработувања.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе