Град Скопје: Заврши реконструкцијата и на булеварот „Крсте Мисирков“

Со ноќно бележење на сообраќајна сигнализација заврши реконструкцијата и на другата страна на булеварот „Крсте Мисирков" кај Бит Пазар во општина Чаир. Екипите на град Скопје работеа со засилено темпо на реконструкција на булеварот и со градежни активности во текот на вечерните часови со цел избегнување на сообраќаен метеж, а целосната реконструкција заврши во најбрз можен рок, соопшти градот.

Булеварот „Крсте Мисирков“ за 15 дена е целосно и темелно реконструиран во должина од 1.350 метри во двете насоки, на потегот од крстосница кај Судска Палата до клучката Бит Пазар.

Град Скопје продолжува со интензивните градежни активности за реконструкција на градските улици и булевари во рекордно кратки рокови, а граѓаните добиваат квалитетни и безбедни сообраќајници. Во наредните денови се очекува завршување на реконструкцијата на булеварот „Кочо Рацин“, соопшти град Скопје.  

 

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе