Град Скопје ветува системски мерки против загадувањето на воздухот, СДСМ резервиран

Градот Скопје веќе започна со сет системски и конкретни мерки за справување со загадениот воздух и токму ова е еден од најголемите приоритети на кој ќе работи новата градска администрација, соопштија од градската администрација. Со тројно намален буџет за животна средина, велат од СДСМ, градоначалничката Арсовска не може да обезбеди мерки за справување со загадениот воздух.

Здрава животна средина со чист воздух, чиста околина и повеќе зелени површини е предуслов за обезбедување квалитетен живот за граѓаните на Скопје и токму ова ќе бидат и основните заложби на Град Скопје во овој четиригодишен мандат, соопшти градот.

За жал, можеме да видиме дека претходните градски власти не направија доволно за да го овозможат сево ова и наместо решенија, Скопје денес е еден од најзагадените градови во светот. И покрај програмата на Шилегов од 2017 година која беше промовирана за решавање на овој горлив проблем и намалување на загадувањето за 50 проценти, преку сет мерки како што се гасификација, чистење на депониите, зголемена инспекција и намалување на емисиите на загадувачки супстанци од затоплување на домаќинствата, скоро ништо од истото не беше реализирано.

Уште во првите денови од својот мандат градската администрација почна интензивно да ги чисти сите диви депонии кои беа детектирани на територијата на Град Скопје и досега се исчистени над 120 депонии. На дел од нив се планирани нови зелени површини, а меѓу нив во Ново Лисиче, во Ново Село и на многу други места. Дополнително, Градот почна и зголемен и неселективен инспекциски надзор и воспоставување на системски решенија, со што секое физичко или правно лице кое ја загадува околината и со тоа директно влијае врз загадување на воздухот, ќе биде казнето со високи глоби. За прв пат неселективно се изрекуваат драконски казни за загрозување на животот и здравјето на граѓаните, а една  беше изречена неодамна во износ од 88 илјади евра. Град Скопје има програма и проекти како да се справи со овој горлив проблем. Планот е преку модернизација на јавниот превоз, директно да се влијае  и да се  подобри квалитетот на воздухот. Покрај тоа планирани се нови велосипедски патеки, субвенции за купување на велосипеди и електрични тротинети, со што ќе се мотивираат граѓаните да користат алтернативен превоз. Град Скопје во план има и изградба на пет мега паркови, со што ќе се зголеми зеленилото во градот. Покрај неодговорната работа на претходното градско раководство, сигурен проблем во справувањето со загадениот воздух оваа зима ќе биде и економската криза која директно удира по граѓаните. По најавите за драстично зголемување на цената на електричната енергија, дел од граѓаните најавуваат дека за огрев ќе користат дрва, што дополнително негативно ќе се одрази на загадувањето на воздухот“, се вели во соопштението на Град Скопје.

На ова реагираа од СДСМ. За нив, со парите кои Данела Арсовска ги предвидела за Секторот за животна средина во Буџетот на Градот за 2022 година, тоа е невозможно.

Предвидени се три пати помалку средства во споредба со оваа 2021 година. Иако градоначалничката Данела Арсовска ветуваше инвестиции во животната средина и борба против аерозгадувањето, таа го намалува буџетот за животна средина од 213 милиони денари, колку што изнесува оваа година, на 73 милиони денари во 2022 година.

Истовремено, Арсовска го укина БРТ системот кој е еколошки проект за јавен превоз. Со ваков пристап нема борба против загадувањето, нема чист воздух.

Благодарение на мерките спроведени од централната и локалната власт на СДСМ во изминатите четири години, аерозагадувањето во Скопје се намали за 33 отсто. Град Скопје и градоначалничката треба да престанат да ја манипулираат јавноста и да се фатат за работа, за исполнување на она што Данела Арсовска им го вети на граѓаните“, соопшти СДСМ.

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе