Реакција

Град Скопје: Вардариште се порамнува за да може да се користи овој јавен простор

Град Скопје реагира на „лагите изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на која го обвинуваат градот за фрлање шут во населено место „Кирил Петрушевски”, кај поранешната депонија Вардариште“.

„Сакаме да ја информираме јавноста дека на приложените фотографии и видеа, посочените камиони истураат земја, а не шут и комунален смет како што тврдат во ВМРО-ДПМНЕ. Оваа активност се прави со дозвола на град Скопје и општина Гази Баба и се извршува со цел порамнување на површината и користење на овој јавен простор“, се вели во реакцијата на град Скопје.

Остануваме посветени на чистење на дивите депонии во Скопје и изминатава година во големи акции беа мапирани и расчистени депонии со над 3.000 кубни метри смет, се вели во реакцијата.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе