По синоќешната демонтажа

Град Скопје: Споменикот на Ќосето е дивоградба

По детално испитување на фактичката состојба, надлежните служби во општина Центар донесоа решение дека се работи за дивоградба. При увидот на овластениот градежен инспектор на општина Центар е констатирано дека спомен обележјето не е поставено на одобрената микро локација и издаденото решение од страна на град Скопје, информираат од градот.

„Одлуката за подигање на спомен обележје на Андон Јанев Ќосето ја донел Советот на општина Центар на 28.12.2012 година. Тука е направено и основното прекршување на законот, бидејќи во член 1 стои дека одлуката се носи заради одбележување на делото и оддавање почит на македонскиот комита и револуционер од илинденскиот период Андон Јанев Ќосето. Според Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, настаните и личностите што се одбележуваат со меморијален споменик треба да се од исклучително значење за развојот на државноста на Република Македонија и за нејзиниот државно-правен континуитет и да се вградени во историскиот развој на земјата. Меморијален споменик може да подига Собранието на Република Македонија, Советот на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје за одбележување со спомен-обележја на настани и личности што се од локално значење, донесува програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја..

Решението за поставување на спомен обележјето  на Андон Јанев Ќосето  е донесено од поранешниот Совет на град Скопје на седница одржана на 14.07.2014 година“, појаснуваат од град Скопје по синоќешното отстранување на споменикот на Ќосето од пред зградата на Врховниот суд во Скопје. 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе