Град Скопје со препорака: Таксистите да ги дезинфицираат возилата

Град Скопје им препорача на сите такси превозници на подрачјето на градот Скопје да ги дезинфицираат такси возилата на дневна основа пред да се вклучат во сообраќај, а такси возачите да користат маска и гумени ракавици.

Дополнително, како што соопштија од Град Скопје, пратен е и допис до сите претставници на приватните превозници кои се вклучени во јавниот сообраќај во Скопје за интензивирање на активностите за чистење и дезинфекција на нивните возила, како и за потребата за редуцирање на возниот ред кај приватните превозници.

Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека сите возила на ЈСП се подложуваат на дополнителен третман за дезинфекција, уште од пред десетина дена. Секое возило, независно дали сообраќа цел ден на одредена линија или се вклучува еднократно, е подложно на дополнителна дезинфекција, како една од мерките за заштита од коронавирусот. Возилата се дезинфицирааат со распрскување на соодветни средства на база на алкохол и Дезинтал 10%, а се врши и рачна дезинфекција на одделни делови од возилото, како што се ракодржачите и слично. Секое возило се третира со дополнителната дезинфекција еднаш, пред вклучување на линијата или потоа, во зависност од динамиката и распоредот на сообраќање во јавниот превоз.

Инаку, редовна внатрешна дезинфекција на автобусите се врши секојдневно преку редовно чистење и миење на возилата. Притоа, возилата се третираат со соодветни еколошки средства кои имаат дезинфекциско својство. Секое возило, пред да се пушти во сообраќај, е подложно на дневна нега.

Согласно препораките на Владата, од Град Скопје потсетуваат дека од денеска автобусите на јавниот превоз сообраќаат според редуциран возен ред, идентичен на возниот ред што важи за време на зимскиот, односно летниот училиштен распуст. Редуцираниот возен ред ќе важи во наредните две недели, односно до наредните препораки од надлежните институции.

Оттаму исто така потсетуваат дека од денеска нема да важи и одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 години, мажи со 64 години) во вторник, петок, сабота и недела во јавниот превоз и на Жичницата на Водно. Според препораките и поради тоа што наставниот процес е прекинат, од денеска нема да важат ниту бесплатните годишни средношколски и студентски билети за користење на јавниот превоз.

 

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе