„Граѓаните можат во Скопје да пристапат преку скопската обиколница, на исклучувањето кај населбата Радишани, преку новиот булевар ‘Христијан Тодоровски Карпош’ кон општина Чаир, како и на исклучувањата кај населбата Визбегово кон Момин Поток и населбата Волково кон општина Ѓорче Петров”, соопштија од Град Скопје.
Оттаму потсетуваат дека во Скопје деновиве се одвива голема градежна офанзива за изградба и обнова на градските улици, се пробива улицата Есенинова, а се реконструираат улиците Македонско – косовска бригада, Лазар Личеноски, Џон Кенеди, Боца Иванова, Благоја Стефковски и Востаничка, како и булеварот Видое Смилевски Бато.