Град Скопје по денешното погрешно видео, утре продолжува со прскањето против комарци

Од Град Скопје признаа дека пуштиле погрешно видео од прскањето против комарците и наместо од денешното до медиумите по грешка доставиле видео од прскањето што се случуваше минатиот месец.

„Очекуваме ново видео за прскањето против комарци, кое ќе се направи утре, и тоа ќе ви го доставиме“, се вели во реакцијата на Градот и се додава дека авионите ќе полетаат во пет часот од спортскиот аеродром „Стенковец“.

Од Градот велат дека прскањето почнало минатата ноќ, а ќе се одвива и во следните три дена.

Град Скопје соопшти дека денеска во раните утрински часови е извршено третото продолжено авионско прскање против возрасни форми на комарци и засилено прскање против комарци во градот.

Исто така најавија дека прскањето ќе се одвива и во наредните три дена, односно до 13 август (понеделник), кога ќе продолжи од земја и ќе се одвива до 17 август во период од 23 до 04 часот, наредниот ден.

Оттаму додаваат дека заради зголемените врнежи во изминатиот период се создала поволна клима за брзо размножување на комарците, па одлучиле третото прскање наместо два дена да трае четири дена, со што се зголемува интензитетот на заштита.

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе

Способноста за контролирање на бесот е одлика на луѓето со цврст карактер. За жал, во оваа конфузна реалност, таквите индивидуи се вистинска реткост.

повеќе