Град Скопје: Даночните обврзници ако сметаат дека се онеправдани можат да побараат ревизија

Градот Скопје денеска преку соопштение порача дека секое физичко или правно лице кое што смета дека погрешно му е блокирана сметката во банка поради данок на имот, може да дојде во просториите на Град Скопје, во бараката со број 16 или на сајтот на Град Скопје (www.skopje.gov.mk) да пријави проблем, по што службите ќе го разгледаат нивното барање и соодветно ќе одговорат.

Градот Скопје нагласува дека во согласност со Законот за даноците на имот, секој даночен обврзник добива решение за плаќање годишен данок на имот и комунална такса фирмарина до 31 март во тековната година.

Оттаму потенцираат дека решението се плаќа на три месечни рати до крајот на годината или во рок од 15 дена по добивањето на решението.

„По истекот на годината во која требало да се плати данокот на имот и фирмарината, Град Скопје испраќа опомени за неплатен данок на имот и фирмарина до физичките и правните лица (даночните обврзници). Откако ќе помине рокот во кој требало да се изврши наплата на данокот на имот и фирмарината по доставената опомена, Град Скопје изготвува решение за присилна наплата до физичките и правните лица (даночните обврзници), а доколку по решението за присилна наплата не е извршена уплата на даночната обврска се изготвува решение за блокада на сметка по банките", информираат од Градот Скопје.

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе

Постојат повеќе административни и технички решенија против плагијаризам што се применуваат од издавачите и универзитетските менаџменти, а понекогаш и државните власти, како што е случајот во Македонија. 

повеќе

И не само тоа, туку квалитет на слободата. „Слободата нема никаква вредност ако во себе не ја вклучува слободата на грешките" - Махатма Ганди.

повеќе