Град Скопје: Не е точно дека приватните автобуси во Скопје не возат

По написите во медиумите дека приватнот превозник „Слобода превоз“ од денеска ќе стапи во штрајк поради неисплатени долгови, од Град Скопје апелираат до граѓаните да не веруваат на лажните вести и манипулациите кои во јавноста, како што велат тие ги пласираат разни политички групации.

„Автобуси на ЈСП Скопје на линиите 9, 12, 22, 23 и 45 сообраќаат редовно и без задоцнување. Приватниот превозник „Слобода Превоз" има обврска да ги почитува договорените обврски од јавен интерес. Во последниот месец се оценува квалитетот на работењето на приватнитте превозници согласно индикаторите за квалитет на работењето (редовност, хигиена, валидација на билети) поради се почестите поплаки на граѓаните за квалитетот на превозот од страна на приватните превозници“, пишува во соопштението на Град Скопје.

Во тек е средбата меѓу претставници на приватниот превозник „Слобода превоз" и претставници на Град Скопје.

„Со крајни напори ќе се обезбеди редовен превоз на линиите: 11, 11а, 47, 55, 61, 63 и 73, кои како приградски линии делумно се финансираат и од општините кои не се во состав на Град Скопје, за да не се случи поради неизвршување на тој превоз да имаат причина да престанат да ги уплаќаат средствата во ЈСП“, соопшти вчера „Слобода превоз".

Од исходот на денешната средба ќе зависи понатамошното вршење на превозот и делување на превозниците.

Претходно преку протест своите ненаплатени средства ги побара и приватниот превозник „Макекспрес" но Градот Скопје го раскина договорот со нив поради како што рекоја непочитување на договорот, лошата хигиена и застарениот возен парк.

ЈСП тогаш најави дека овии линии ќе ги покрие јавното претпријатие.

Пред месец дена за првпат од формирањето на ЈСП Скопје остана без јавен превоз, бидејќи вработените стапија во колективен штрајк поради неисплатени плати.

 

 

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе