Бaза на податоци за општинските тендери

Град Скопје лани на тендери потроши колку 46 општини, фабриката „Карпош“ пред „Пуцко петрол“

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави Базата на податоци за јавни набавки на општините во 2018 година чија вредност изнесува 97 милиони евра што е 17 милиони евра, односно за 21% повеќе од 2017 година. Базата содржи податоци за сите 3.898 договори за јавни набавки што локалните власти ги склучиле со 1.331 фирма.

На врвот според договорите за јавни набавки останува град Скопје со 14 милиони евра, но и со огромен пораст на вредноста на јавните набавки во однос на претходната година од 42%, односно за 4,2 милиони евра. Куманово со 4,9 милиони евра скокна од ланското трето на второто место, додека Аеродром ја загуби позицијата во првата тројка и на негово место годинава се искачи Струмица со набавки во вредност од 4,1 милион евра.

Двете општини кои претходно биле на четвртото и петтото место – Битола и Тетово – паднале на 14-то и 20-то место според вредноста на јавните набавки. И кај двете вредноста на набавките се преполовила во однос на претходната година. Битола од 4 милиони евра паднала на 2,2 милиони евра (-45%), а Тетово од 3,9 милиони евра на 1,7 милиони (-56%).

Ваков значаен пад има и кај Штип која од 2,8 милиони евра, во 2018 имала набавки од само 1,4 милиони евра со што од деветтото падна на 23-то место.

Спротивно, општини кои не биле, а влегле во првата десетка, со значен скок во вредноста на јавните набавки се: Струга (+162%), Гостивар (+90%) и Кавадарци (+57%).

На дното на табелата според вредноста на набавките се три мали општини, сите со набавки под 100.000 евра и тоа: Центар Жупа (96.045 евра), Ранковце (80.081 евра) и Зрновци (65.495 евра).

Град Скопје, како најголема единица на локалната самоуправа троши за јавни набавки колку 46 други општини заедно, а 11-те единици на локална самоуправа со најголема вредност на набавките заедно трошат половина од парите, односно колку преостанатите 70 општини.

Фабрика „Карпош“ од Скопје му го презеде приматот на „Пуцко петрол“ според вредноста на добиените тендери од општините во 2018 година. Во топ-трите фирми влезе и „Пелагонија“ од Гостивар, а „Бауер БГ“ го сочува местото во врвот кое го има со години наназад. И во 2018 година има висока концентрација на мал број фирми во набавките на општините. Така, првите 10 фирми со најголема вредност на договорите за јавни набавки имаат учество од цели 22% во вкупната вредност на тендерите на општините, додека првите 20 фирми, држат дури една третина од вредноста на набавките.

Базата на податоци е интерактивна и овозможува пребарување на тендерите по општини и по фирми, а и дава графички преглед на учеството на фирмите во набавките на секоја општина одделно. Базата содржи податоци и за уделот на набавките во буџетите на општините, како и за вредноста на набавките по жител. Базата содржи податоци за последните четири години. 

Кога вредноста на јавните набавки ќе се стави во однос на бројот на жители, се добива поразлична слика. Најмногу набавки по жител има Новаци со 291 евро, додека најмалку има Боговиње со само 9 евра по жител. Просечно, вредноста на набавки по жител изнесува 46 евра. Само 24 општини имаат набавки над просечните 46 евра по жител, додека кај 57 општини вредноста на набавките е под просекот.

Само шест општини имаат набавки над 100 евра по жител и тоа: лидерот Новаци (291 евро), Карбинци (130 евра), Македонска Каменица (111 евра), Чучер-Сандево (109 евра), Илинден (107 евра) и Долнени (101 еврo) – сите мали општини под 17.000 жители.

Од поголемите општини, најмногу набавки по жител имаат: Струмица – 72 евра, Центар – 63 евра, Струга и Гази Баба по 53 евра и Ѓорче Петров по 51 евро.

Под 20 евра по жител се големата општина Тетово (19 евра), како и помалите општини: Сопиште (19 евра), Шуто Оризари (19 евра), Центар Жупа (13 евра), Желино (12 евра) и Боговиње (9 евра).

Во однос на учеството на јавните набавки во буџетите на општините, тоа се движи од 4% до 77%. Најголем дел за јавни набавки од општинскиот буџет трошат Струмица (77%) и Струга (69%). Најмалку, по 4%, трошат Сопиште и Македонски Брод. Просечно, општините за јавните набавки издвојуваат по 22% од своите буџети.

Оваа база на податоци е дел од предвидените десет истражувања и бази на податоци за трошењето на јавните пари кои ќе се реализираат во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста. 

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе