Град Скопје ќе субвенционира инвертери за 5.000 граѓани

Град Скопје денеска го распиша јавниот повик за субвенции на инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата. Согласно условите на овој јавен повик се отвора можноста за над пет илјади граѓани на град Скопје да им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголема од 62 илјади денари во нето износ.

Како што беше соопштено на прес-конференцијата на градот, сите граѓани на територија на Скопје кои немаат искористено субвенции за затоплување на своите домаќинства и кои немаат приклучок или можност да се приклучат на централното греење во објектот каде ќе биде инсталиран уредот, имаат право да учествуваат на овој повик. Набавениот уред потребно е да биде монтиран во објектот со адреса од личната карта на самиот барател.

Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 1 јануари 2020 година, до завршувањето на повикот, а тоа е 30 ноември 2020 година или до денот на исцрпување на средствата од самата субвенција за кое градот дополнително ќе извести.

„Новитет оваа година е условот граѓаните доброволно да ја достават и тоа без надоместок постојната печка на дрва, јаглен, нафта или мазут, на локацијата која дополнително ќе им ја соопштиме. Овие субвенции се дел од мерките предвидени во планот за подобрување на квалитетот на воздухот и Акцискиот план на стратегијата за климатски промени на Скопје, посочија на прес-конференцијата.

Согласно многубројните истражувања што Град Скопје ги направи за квалитетот на воздухот во градот, најголемото учество во емисијата ПМ10 и ПМ 2,5 честичките има затоплувањето на домовите каде нема централно греење. Ова, како што велат од Градот, се јавува пред се заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, лошиот квалитет на дрвото, начинот на неговото чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки.

„Инвертерите за затоплување се економични, еколошки, не користат фосилни горива, а истовремено го постигнуваат максималното задоволство при затоплувањето на домовите на граѓаните. Со субвенциите за овие уреди создаваме услови за поголем број граѓани да се одлучат да инвестираат во нов начин на греење со кои ќе се намали загадувањето на воздухот, ќе се намалат трошоците за греење, а ќе се подобри и нивото на комфорт и удобност во нивните домови“, посочија од град Скопје.

Заради кризата со пандемијата Ковид-19 и зголемениот интерес на граѓаните за овој вид субвенции оваа година пријавувањето ќе се одвива по електронски пат. Повеќе детали во врска со начинот на апликација, условите и потребните формулари за пријавувањето може да се најдат на официјалната страна на градот.

Заради парламентарните избори, исплатата на средствата ќе започне да се реализира по официјалното завршување на изборниот процес.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе