Град Скопје ќе купува нова механизација за „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта”

На претстојната седница на Советот на Град Скопје ќе се разгледува предлог одлука за задолжување со заем од финансиска институција во висина од 150 милиони денари, за набавка на возила и опрема за јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта”. 

Според одлуката предвидено заемот да се отплаќа во рок од 5 години од склучувањето на договорот за заем, со средства од буџетот на Град Скопје.

Оттаму појаснуваат дека потребата за набавка на нови возила и опрема се јавува поради зголемените активности при работењето на двете јавни претпријатија, како и застареноста и недоволните количини на возила и опрема со кои располагаат.

Точните количини и спецификации за видот и типот на возилата и опремата која ќе се набавува ќе бидат прецизно утврдени во фаза пред отпочнување на јавната набавка, но во консултација со јавните претпријатија утврдена е потреба за набавка на камиони со опрема за зимска служба, возила за превоз на лица и алат, машини за бележење на улици, приколки за превоз на машини, багери, камиони кипери со различни бруто тежини, камиони со дигалки, мултифункционални машини и слично.

Инаку, според податоците од јавните претпријатија дел од овие видови на возила со кои располагаат се стари повеќе децении. Останатиот дел од предвидените возила и опрема за набавка се со целосно нови технологии и никогаш досега не биле набавени. 

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе