Град Скопје ја урна куќата на „Трета македонска бригада“, сопственикот најавува случај за во Стразбур

После долги години нерешен проблем, заради брзоплетост во изградбата, конечно, се сруши пералната на булеварот „Трета Македонска бригада" накај Лисиче. Набргу започнуваме со доизградба на улицата. Скопје повеќе нема да трпи импровизации како во минатото, напиша на својот фејсбук-профил градоначалникот Петре Шилегов.

 

Од градот велат за ова се водело судски спор кој е добиен, па затоа вчера се пристапило кон уривање на објектот, а наскоро ќе се почнело и со пробивање и на овој дел од булеварот.

Пред 4 години кога улицата беше проширена во булевар, за објектот се водело постапка за експропријација, па булеварот во еден дел наместо две има една коловозна лента.

Љупчо Божинов, сопственикот на оваа автоперална тврди дека сѐ уште траат судските процедури за докажување на сопственоста и дека правдата ќе ја бара во Стразбур бидејќи не му верува на македонскиот судски систем. Тој вели дека градот понудил многу малку пари во однос на вредноста на објектот и земјиштето.

„Самиот објект, по имотниот лист е во сопственост на град Скопје, а до сега се водеше правна постапка за преeземање на владение на објектот. Градот Скопје, преку овластен извршител, достави решение до лицето кое живее таму за празнање на објектот и преземање на владение врз истиот. По поминување на сите рокови и исцрпување на сте правни лекови за извршување на налогот, градот закажа присилно иселување за 16 октомври, а  сопственикот вчера, 15 октомври, доброволно го предаде објектот. Градот го презеде владението на објектот и доби решение од овластениот извршител“, информираат од град Скопје.

 

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе