Апел

Град Скопје ја повика општина Сарај да постапи согласно Законот за дивите платформи на Матка

Град Скопје денеска ја повика општина Сарај да постапи согласно законските надлежности во однос на дивите платформи на Матка.
„Градот Скопје ја охрабрува општината Сарај да постапи согласно со своите законски надлежности кога се дивоградбите во прашање. Впрочем, нема поголем интерес ниту за граѓаните на Скопје, ниту за граѓаните на Сарај од владеењето на правото, еднаквостa пред законите и целосното функционирање на институциите“, изјави портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.

Тој посочи дека изминатава година Градот заедно со УНДП и Министерството за животна средина и просторно планирање изработиле законски модели со кои ќе се заштити Матка во еколошка и економска смисла.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе