Град Скопје ги соопшти поддржаните проекти од областа на културата

Избрани се добитниците од Конкурсот за финансирање манифестации, проекти и творештво во културата за 2019 година,што Град Скопје го објави на 15 октомври 2018 година.

Град Скопје ги соопшти поддржаните проекти, избрани од 411 пристигнати апликации. Биле оценети од шест стручни комисии, составени од претставници на Град Скопје и од институции од културата во главиот град.

„Тие одлучија Град Скопје да поддржи 231 предлог-проект, односно 56 проценти од пристигнатите пријави. Од поддржаните, 46 се од  музичката уметност и изведбените уметности; 43  од областа на визуелните уметности и уметност на нови медиуми; 54 проекти од издавачката и од библиотечната дејност, 13 од музејската дејност и промоцијата на културното наследство и 29 проекти кои опфаќаат меѓународна соработка, информира Град Скопје“, што за конкурсот издвои 16 милиони денари.

Проектите што ќе се реализираат на јазици на заедниците се поддржани со 29 отсто од вкупно предвидениот буџет. Град Скопје соопшти дека оваа година посебен акцент бил ставен на поддршката на младински и на студентски проекти.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе