Во тек е Јавниот повик

Град Скопје доделува 25 стипендии на средношколци со попречености

Град Скопје ги потсетува граѓаните дека е во тек реализацијата на проектот „Стипендирање на средношколци со попречености, ученици во средните училишта на Град Скопје“, со цел подигање на квалитетот на образованието на оваа категорија на ученици.

Врз основа на условите и критериумите утврдени со Правилникот за доделување стипендии на средношколци со попречености ќе се стипендираат 25 ученици со попречености од средните училишта  на Град Скопје.

Право на стипендија имаат кандидати кои учат во средните училишта на Град Скопје, а кои ги исполнуваат следниве услови:

Да се ученици со попречености кои имаат наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во психичкиот или физичкиот развој и специфичните потреби, издаден од надлежна установа, согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој;

Да се државјани на Република Cеверна Македонија;

Да се жители на Скопје;

Да се редовни ученици во средно училиште на Град Скопје;

Да се редовни ученици од I година кои во текот на основното образование имаат постигнат минимален просечен успех од 3,00;

Да се редовни ученици од II до IV година кои во текот на средното образование имаат постигнато минимален просечен успех од 3,00;

Да не се корисници на стипендија од друга институција, претпријатие или друга организација во учебната 2020/2021 година;

Да немаат повторувано година во текот на своето образование, освен поради здравствени причини.

Висината на стипендијата  за еден ученик ќе изнесува 3.000 денари месечно (нето износ) во времетраење од 9 (девет) месеци за учебната 2020/2021 година.

Во постапката за доделување стипендии од Програмата за активностите  на Град Скопје од  областа на средното образование за 2020 година, во изборот ќе влезат апликанти – средношколци кои врз основа на критериумите ќе обезбедат најмалку 60 од вкупно 100 бодови.

 

Евалуацијата на барањата ќе ја изврши Комисијата формирана од Градоначалникот на Град Скопје, а во согласност со Правилникот за доделување на стипендии за средношколци со попречености кој е даден во прилог на Јавниот повик и објавен на веб-страницата на Град Скопје www.skopje.gov.mk.

Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на следнава документација:

Пријава за стипендирање на средношколци со попречености, ученици во средните училишта на Град Скопје;

Копија од лична карта на родител/старател/друго овластено лице;

Копија од државјанство на апликантот;

Потврда за редовен ученик во учебната 2020/2021 година издадена од средното училиште;

Копија од свидетелствата за завршени претходни учебни години, при што учениците од прва година средно образование потребно е да ги приложат свидетелствата од основно образование (од 6-то до 9-то одделение);

Наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во психичкиот или физичкиот развој и специфичните потреби, издаден од надлежна установа, согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој;

Потврда од средното училиште дека апликантот нема  повторувано учебна година во текот на своето образование, освен поради здравствени причини (што се докажува со соодветна медицинска документација);

Изјава потпишана од родител/старател/друго овластено лице со која се потврдува дека апликантот не е корисник на стипендија од друга институција, претпријатие или друга организација во учебната 2020/2021 година;

Изјава за согласност за обработка на лични податоци.

Пријавата за стипендирање средношколци со попречености, ученици во средните училишта на Град Скопје за учебната 2020/2021 година, Изјавата со која се потврдува дека апликантот не е корисник на стипендија од друга институција, претпријатие или друга организација во учебната 2020/2021 година, и Изјавата за согласност за обработка на лични податоци, се достапни во Архивата на Град Скопје, и на интернет страницата на Град Скопје.

Пријавите треба да се достават до Град Скопје, преку пошта на адреса: бул. „Илинден“ бр.82, 1000 Скопје, или во Архивата на Градот Скопје (барака 16), најдоцна до 24.09.2020 година до 19:00 часот на последниот ден од завршувањето на Јавниот повик, со назнака: за „ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА СРЕДНОШКОЛЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТИ, УЧЕНИЦИ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА  НА ГРАД СКОПЈЕ“.

Пријавите се доставуваат во затворен и запечатен коверт, без означување на апликантот кој ја поднесува пријавата.

Неуредните пријави што не се доставени на начин како што се бара во горенаведниот текст, односно содржат нецелосни податоци и некомплетна документација, како и тие што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да се разгледуваат.

Јавниот повик се објавува на 10.09.2020 година и трае до 24.09.2020 година.

Списокот на избраните кандидати ќе биде јавно објавен на веб-страницата на Град Скопје, а дополнителни информации можат да се добијат на телефон 3297-319.

 

 

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе