Излетничките места подготвени за 1 Мај

Град Скопје апелира да се зачува зеленилото и урбаната опрема

Во пресрет на Меѓународниот ден на трудот - 1 Мај, екипите на Град Скопје деновиве ги чистеа видиковците, јавните зелени површини на излетничките места и во парковите.

Градот Скопје апелира до  граѓаните, при посетата на излетничките места, како и на градските паркови, да се придржуваат на комуналниот ред и воспоставените забрани за палење оган и приготвување скара на отворени површини, да не фрлаат отпад и да не ја оштетуваат поставената урбана опрема.

Ова особено важи на местата како што се парк–шумата Водно, парк на природата Гази Баба, СРЦ Сарај, кањонот Матка и други излетнички места, соопшти град Скопје.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе