Алудирајќи на коронавирусот

Скопјанец со ксенофобичен напад кон туристи од азиско потекло во центарот на градот

Скопјанец вербално нападнал туристи од азиско потекло во центарот на градот, а во негово име се извини градоначалникот Шилегов. 

На социјалните мрежи се појави видео направено од засега непознато лице, на кое може да се види и слушне како скопјанец вербално напаѓа група од неколку лица од азиско потекло во центарот на Скопје, на кејот на реката Вардар..

Лицето ја именува групата со „корона“, алудирајќи на вирусот кој се појави во Кина, ги псуе лицата и им порачува да се вратат во Кина. 

За настанот на својот ФБ профил се огласи градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов кој ги повикува надлежните да поведат истрага за овој инцидент бидејќи, како што рече, остава сериозна дамка врз угледот на градот и земјата.

„Денешниот ксенофобичен испад на наш сограѓанин кон туристите во центарот на Скопје е срам за градот и земјата и е спротивност на се' што Скопје е - град на солидарноста, космополитизмот и заедништвото. Го нудам моето најдлабоко извинување во името на сите добронамерни Скопјани“, напиша Шилего в порачувајќи им на своите сограѓани да бидат гостопримливи и да ги почестат овие туристи со насмевка и отворена душа.

Осуди за инцидентот се шират и на социјалните мрежи. 

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе