Реакција

Горан Ангелов: Немам ништо со отпадот во Бугарија, барајте ги вистинските загадувачи на Скопје

Довчерашниот директор на скопската депонија Дрисла Горан Ангелов смета дека не е случајно тоа што токму сега се објави аферата со наводно опасниот отпад во Бугарија од фирма во која е и тој коспопственик и тоа што токму денеска се трансформира Дрисла од ДОО во ЈП и ќе биде сменет и тој од директорската позиција.

Горан Ангелов

За последните информации поврзани со оваа афера Ангелов на својот фејсбук-профил напиша:

„Драги пријатели и мили непријатели, сакам да Ви соопштам неколку работи за мене и обвинувањата кои безмилосно и без мерка ги упативте кон мене и мојата фамилија.

Отфрлам секаква одговорност околу отпадот кој се наоѓа на бесцаринските зони во пристаништата Бургас и Варна.

Не сум увозник ниту нарачател на тој отпад и јас разбрав за тој отпад од бугарските медиуми.

Јас сум косопственик во фирмата „Балцион“ со влог од 15%, но не е управител ниту директор на истата.

Сите бугарски медиуми соопштија дека станува збор за неопасен отпад, а врз основа на анализите направени изминативе два дена од соодветните бугарски институции (МВР, обвинителство, Министерство за екологија). Вистината ќе ја види светлината на денот.

Сто пати повторив, но еве уште еднаш, во Дрисла немаме примено или увезено ниту еден килограм отпад од странство, а не пак опасен или токсичен, за што сите релевантни македонски институции се изјаснија, во Дрисла нема ниту опасен, ниту неопасен отпад од увоз.

Зарем мислите дека јас ќе ја загрозам мојата сигурност, безбедноста на вработените и на сите граѓани од Скопската котлина со вакви измислени увози на опасен отпад.

Не заборавајте дека и јас сум секој ден на работа во Дрисла и не сум во стаклено ѕвоно, туку секој ден сум на депонијата. Сепак и мојата фамилија живее во Скопје, зарем би дозволил да си ги трујам децата? Престанете со манипулации и барајте ги вистинските загадувачи на Скопската котлина, кои Вас, мене, Вашите и мојата фамилија ја трујат.

Дали е случајно што се создаде афера во Бугарија, каде ние Македонците сме посочени за увоз на отпад, а во меѓувреме има уште сто такви афери каде не се објавуваат ниту иницијалите на сопствениците и управителите, а во голем случај ниту фирмите кои се инволвирани во слични случаи, ама нас не посочија со име и презиме, не оцрнија, не прогласија за виновни и чекаме ‘бесилка’.

Зарем правилото на презумција го заборавија во европска Бугарија?“, прашува тој.

Горан Ангелов смета дека не е случајно што токму денеска се трансформира Дрисла од ДОО во ЈП и ќе биде сменет и тој од директорската позиција. Филигранска случајност, го завршува Ангелов својот фејсбук-пост.

 

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе