Поради голем дефект

Голем дел од Скопје остана без вода!

Поради голем дефект на булеварот „Кочо Рацин" спроти Олимпскиот базен, без вода или со намален доток на вода ќе бидат голем дел од корисниците на Скопје.

Од „Водовод и канализација" информираат дека без вода ќе бидат населбите Центар, Аеродром, Кисела Вода, Лисиче, Ново Лисиче, Припор, Сопиште, Ракотинци, Добри Дол, Драчево, Пинтија,Моране и Студеничани.

Станува збор за дефект на ф500мм за чие санирање има потреба да се затвори цевка од ф1400мм.

„Имајќи ја предвид природата на дефектот, кој е од големи размери, известуваме дека ЈП Водовод и канализација – Скопје во соработка со ЈП Комунална хигиена обезбеди цистерни со техничка вода кои ќе циркулираат во овие делови на градот. За локациите на цистерните, граѓаните треба да се обратат до Дежурно Информативниот Центар на телефонскиот број 02 3073 010. Замолуваме за трпение и повикуваме на разбирање од страна на граѓаните во овие делови на град Скопје. Воедно уверуваме дека тимовите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, непрекинато ќе работат со цел брзо отстранување на дефектот и нормализирање на водоснадувањето", се наведува во соопштението.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе