Адеа Шабани

Глумица од Скопје исчезна во Холивуд, пријателите и полицијата бараат помош од јавноста (ВИДЕО)

Семејството и полицијата на студентка по глума во Лос Анџелес вчера побарале помош во потрагата по неа. Таа последен пат била видена како излегува од својот холивудски стан пред една недела.

Адеа Шабани, 25, исчезнала минатиот петок, 23 февруари, под сомнителни околности, според полицискиот оддел во Лос Анџелес, пренесува КТЛА.

Студентката по актерство исчезнала истиот ден околу 11 часот наутро, соопшти полицијата. Пријателите велат дека ја оставила вратата отклучена, како да очекувала брзо да се врати.

Загрижените пријатели ја пребарувале областа во четвртокот, надевајќи се дека ќе најдат некакви траги, а нејзината мајка полетала од Македонија, од каде што е нејзиното семејство.

„Не знам, не знам што да мислам“, рекла Мишел Љунгранџ за КТЛА. „Само сакам да ја најдам“.

Оние што ја знаат Шабани во почетокот мислеле дека е зафатена, но сомнежот се зголемил откако таа пропуштила важен час на Академијата за актерство на Стела Адлер. Тогаш тие се јавиле кај полицијата на Лос Анџелес.

Нејзината пријателка Ема Џо вели дека не е вообичаено за Шабани да не комуницира со своите најблиски.

„Ова не личи на неа, ова не личи на неа“, рече Џо. „Нешто се случува со неа, не знаеме каде е. Толку е тажно, само се надеваме дека е жива“.

Исто така, обично активната корисничка на социјалните мрежи се нема појавено цела недела, според Антонио Есковар.

„Ѝ ѕвоневме, ѝ праќавме мејлови, ѝ пишувавме на Фејсбук, на Инстаграм - сè пробавме, и ништо“, изјави тој за КТЛА.

Последниот текст испратен од Шабани не дава никакви траги и бил за црвени свеќи, велат блиските.

Иследниците не објавија никакви информации што укажуваат на нешто сомнително, но пријателите веруваат дека некој ја држи против нејзината волја.

Полицијата ја опиша 25-годишната скопјанка како белкиња со руса коса и сини очи. Висока е 165 сантиметри, а тешка шеесетина килограми.

Пријателите бараат секој што можеби ја видел да се јави во полиција, вели Еј-би-си.

„Третирајте го ова како таа да е член на вашето семејство, ваша пријателка, бидејќи верувајте ми, ако ја запознаевте оваа девојка, ако ја знаевте оваа девојка, таа ќе им беше голем пријател на сите што ја познаваат“, рече Лисјен Јовановски.

Објавено

Петок, Март 2, 2018 - 11:26

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе