Скопје

Герила акција на улица Македонија - „Заробена држава – никогаш повеќе“ (ФОТО)

„Заробена држава – никогаш повеќе“ е насловот на новата герилска уметничка инсталација, која осамна утрово на пешачката улица „Македонија“, во центарот на Скопје.

 

На оригинален начин, непознати активисти поставиле железна ќелија, во која се наоѓа големо пано со испишани потсетници поврзани со повеќе настани и случувања од периодот 2006-2017 и владеењето на Никола Груевски.

Судии и обвинители во тефтерче, затворени новинари и медиуми, нарачани лустрации за прогон на интелектуалци, проектот Скопје 2014, неколку пораки за местењето избори со притисок и фантомски гласачи, тепањето студенти по библиотеки, 24 декември 2012, 27 април 2017, прислушувањето на над 20.000 граѓани… беа дел од причините за заробената држава испишани на паното.

 Ова е најнова во серијата герилски акции, кои се сè поактуелни како начин за изразување на политички ставови поврзани со актуелната полтичка ситуација во земјава во предизборието.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе