Герила акција, црвени дланки на Министерството за животна средина

Од О2 Иницијативата информираат дека за време на вчершната герила акција за оставање црвени дланки на стаклото на влезот на Министерството за животна средина обезбедувањето и полицијата влечеле и приведувале активистки на Петоци за иднината на Скопје.

Случајот го потврди и МВР со информација дека вчера попладне во Министерство за екологија, Е.Д.(26) од Неготино, С.Ц.(22) од Битола, И.Б.(34) од Скопје, Ј.Н.(19) од Скопје, како и една 16-годишна малолетничка од Скопје го нарушиле јавниот ред и мир по чл.27 од ЗППЈРМ со испишување на графити во вид на дланки од раце на прозорците на Министерството за екологија и натпис на плочникот пред прозорците со цел покренување акција за Еколошка свест.

Сочинети се пет записници за констатиран прекршок против лицата.

„За герила акции веднаш полиција доаѓа, испитува, притвора, ама за секојдневното недозволено загадување кое ни се случува, за тоа нема апсења и притвор, полицијата тогаш ја нема, иснпекциите пинг-понг играат кој е надлежен, извештаите покажуваат сè е во ред, кога веќе некоја казна не може да се избегне и таа на рати се плаќа, а црни чадови чадат, кучиња и крв, мазут измешан со масла што содржат PCBs, тешки метали, црвена нафта се точи како гориво, а министерството за животна средина е местото каде се одвива константно прикривање, тивкото одобрување на кршење закони, фаворизирање на чудни одлуки, симптоматични договори и ‘услови’ за издавање на дозволи.... Но нив никој не ги притвора и апси. Тоа е таа тешка лицемерна и крајно селективна правда само кон најмаргиналните и незаштитени алки во општеството”, пишува О2 Иницијативата на Фејсбук. 

 

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе