Галиите од Вардар, Шилегов ќе ги отстранува со запленетите пари од ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов кој долго време најавува отстранување на галиите во Вардар, што беше дел и од неговата предизборна кампања, денеска рече дека нашол решение.

Објаснувајќи дека ВМРО- ДПМНЕ е најбогата партија во Европа, па со нивните пари, откако ќе им биде запленет имотот, ќе ги обештетат сопствениците на галиите во Вардар, а потоа ќе ги отстранат од речното корито.

Одлуката за поставување на бродови во Вардар беше донесена во 2012 година, во времето на тогашниот градоналник Коце Трајановски. Две од локациите за бродовите доби фирмата „ФалангаДИМ“, која со нив ќе стопанисува 10 години и на Град Скопје ќе му плаќа кирија од 1.050 евра за едниот сплав, и 1.250 евра за другиот. Третата локации под концесија ја зеде Стoјан Филиповски, сопственик на ресторанот „Воденица“. Тие според договорот со Град Скопје требаше сами да ги изградат и да стопанисуваат со нив 10 години.

 

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе