И ова се случува

Фрлени обувки на Скопска Црна Гора, се чека интервенција на комуналната, пазарната и даночната инспекција (ФОТО)

На патот меѓу селата Чучер и Горно Блаце на Скопска Црна Гора викендов жителите наидоа на стотина расфрлани обувки, само леви или само десни.

 

 

 

Загрижените граѓани на социјалните мрежи објавуваат фотографии од оваа нова депонија во нивната околина и ја повикуваат комуналната инспекција да излезе на терен и да го расчисти теренот.

Тука ќе треба да интервенира и пазарната и даночната инспекција - на времето со увоз на само леви патики од Кина (демек за излог), а потоа и на само десни патики, пак за излог, на еден од нашите денешни познати бизнисмени му тргнал бизнисот.  

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе