Фондацијата отворено општество обезбеди 255.000 долари за локалните ромски организации

Фондацијата Отворено општество – Македонија соопшти дека обезбедиле 255.000 долари поддршка за локалните ромски организации, организациите кои обезбедуваат бесплатна правна помош и организациите за заштита на човековите права, преку Заедничкиот фонд за брз одговор на ковид-19 на Фондациите Отворено општество.

„Справувањето со економските и социјалните последици предизвикани од здравствената криза ќе биде многу тешко и неизвесно во периодот што следува. Во изминатиов период проследивме сериозни прекршувања на работничките права и се соочивме со ситуација во која работниците ангажирани во неформалната економија останаа без приходи, се борат да преживеат и имаат многу тешкотии во остварувањето на правата што им следуваат со дел од владините антикризни мерки. Со оваа поддршка ќе се обезбеди ефикасна и навремена помош за голем број нископлатени и неформални работници, од кои најголем дел се жени, Роми и самохрани родители, за да добијат пристап до државните мерки за помош, неопходни за исполнување на основните животни потреби, и ќе се обезбеди заштитата на нивните работнички права“, се наведува во соопштението.

Локалните ромски организации и организациите кои обезбедуваат бесплатна правна помош и заштита на човековите права ќе обезбедат поддршка во вид на: итна административна и параправна помош за остварување на владините мерки за помош, бесплатна правна помош за проширување на обемот на корисниците и давање помош на работниците од формалната и неформалната економија кои ги загубиле работните местач

Ќе биде озбезбедна и правна помош и судско застапување во случај на повреда на работничките, социјалните и други права, и заедничко застапување пред институциите за брзо, ефикасно и еднакво обезбедување на кризните мерки и почитување на работничките права.

Од Фондацијата Отворено општество – Македонија, како што наведуваат, се залагаат за почитување на основните човекови права и за достоинство за сите граѓани подеднакво и продолжуваат и натаму брзо и флексибилно да реагираат на сите закани за отвореното општество.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе