Фасадите во центарот на Скопје, се откажаа од барокот, ништо не закажаа (ФОТО)

Ја молам власта, ако веќе не сака барок нека ја врати старата фасада. Четири години поминаа, не им е ни жал, кога веќе немаат срам ни љубов за својот град. Вака жител во центарот на Скопје реагира на со години незавршените фасади на повеќе објекти на центарот на главниот град.

 

Проектот за реконструкција на фасадата на  зградата на ЕВН и на ЕЛЕМ беше готов во 2013 година, како и за многу други згради во центарот на Скопје. Реконструкциите почнаа, дел од фасадите се завршија во барокен стил, а за оние кои беа во тек - работите прекинаа. Во 2016 се смени власта, а во 2018 година ЕЛЕМ донесе одлука за запирање на реновирањето на фасадата. „Деловната зградата во центарот на Скопје нема да има барокна фасада како што беше одлучено во 2013 година. Ова го одлучивме заедно со ЕВН“, информираа пред две години од ЕЛЕМ. Решението кое ќе се избере сакаме да биде соодветно за централното градско подрачје, рекоа од ЕЛЕМ. И сѐ уште се бара решението. За реновирањето беше предвидено да се потрошат 4,3 милиони евра.

И фасадата на зградата на „Пелагонија“ во центарот на градот е соголена. Барокот и тука ќе го нема, ама сѐ уште не се знае што ќе има. Се бара најсоодветно идејно решение за враќање на нејзиниот автентичен изглед. И така веќе повеќе од три години. Градоначалникот Петре Шилегов веднаш по стапување на градоначалничката функција ги стопираше градежните работи за барокната фасада.

Проектот за барокната фасада чинеше 1,9 милиони евра и сѐ требаше да биде завршено до 2017 година. Град Скопје во јуни 2017 го раскина договорот и распиша нов тендер за избор на изведувач.

Запрени се и градбите на хотелот на грчкиот бизнисмен Кондоминас. И ова фасада треба да биде во барокен стил. А каква ќе биде се чека на судска разврска во која е замешан и рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе