Скопјани денеска пак без струја

ЕВН вели дека МЕПСО предизвикал прекин на струја, МЕПСО демантира

Прекинот во снабдувањето со електрична енергија на населби од централното подрачје на Скопје не е предизвикан од МЕПСО, како што информираа од ЕВН, се вели во демантот на МЕПСО.

„Во ниту еден момент МЕПСО не го оставил без напојување со електрична енергија приклучното место на кое се поврзува електродистрибутивниот систем  во трансформаторската станица „Скопје 3“. Стручните тимови на МЕПСО веднаш излегоа на терен и по проверките утврдија дека денеска немало дефект ниту прекин во напојувањето со електрична енергија од трансформаторската станица „Скопје 3“ на која е поврзана електродистрибутивната мрежа. Повеќе информации за причините за прекините во снабдувањето со електрична енергија ве упатуваме да побарате во Операторот на дистрибутивниот систем.

Објавените информации се погрешни и се пласирани пред да заврши целосната проверка на фактичката состојба со цел утврдување на причините за прекините во снабдувањето со електрична енергија. Овој чин на објавување не е во функција на градење и јакнење на меѓусебна доверба и партнерски односи меѓу компаниите кои оперираат со преносниот и со дистрибутивниот систем“, се вели во демантот на МЕПСО.

Според ЕВН денеска имало прекин во снабдувањето со електрична енергија за корисниците кои се напојуваат од трафостаниците кои се поврзани на 110 киловатниот далекувод Скопје 3 – Козле, во ТС Скопје 3.

Од ЕВН информираа дека на овој далекувод кој е во сопственост на ЕВН нема регистрирано дефект, туку не доаѓа електричната енергија од ТС Скопје 3 која е во сопственост на АД МЕПСО и потоа истата да се дистрибуира до корисниците.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе